Изложба на фотографии „Кокино - Мистичен шепот низ вечноста“
Изложба на фотографии „Кокино - Мистичен шепот низ вечноста“ од авторот Љупчо Илиевски ќе биде отворена во четврток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово.
Изложбата содржи 26 фотографии и е дел од поголемата збирка од 50 фотографии којашто беше промовирана во повеќе светски центри.