02-11-2008

Изложба на фотографии од Кокино



На 29 јануари ќе биде одржана изложба на фотографии од Мегалитската Опсерваторија Кокино видена низ окото на Љупчо Илиевски. Изложбата е резултат од 7 годишното истражување на опсерваторијата која не плени со нејзината мистичност и убавина. Ве покануваме да ја посетите изложбата и да ги видите убавините на опсерваторијата кои Илиевски ги пренесе на своите фотографии. Изложбата ќе биде официјално отворена од м-р Елизабета Канческа- Милевска, Министер за Култура на Република Македонија. Отварањето ќе биде во Мала Станица со почеток од 20:30 часот.