Љупчо Илиевски
Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи.Припадник е на средната генерација фотографи,кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега,е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“.
Роден е на 30 јули 1955 во Прилеп. Со фотографија се занимава од 1980, за во еден период да работи како соработник во ТAНЈУГ (Телеграфска Агенција Нова Југославија). ТАНЈУГ, беше најголемата и највлијателна државна агенција на бившите ју-простори. Од 1987 е вработен во МТВ, каде што во моментов работи како камерман-снимател.
За себе вели дека не фотографира, туку дека пишува со светлината и тоа не на актуелни теми, туку во фокусот му се наизглед неважни теми, кои ги обработува долг временски период и со голема посветеност. Негува посебен интерес за театарската фотографија, која во себе носи креативна драматичност и игра на сенки. Обземеноста од лустерот од Офицерскиот дом траеше цели 11 години,а по многу собрани податоци и истражувања, проектот е заокружен со самостојна мултимедијална изложба. Во последниве седум години негов нов предизвик е историјата стара 4.000 години. Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, неодамна резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката..
Илиевски е автор на 10 самостојни изложби, а како член на “Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, а за својата работа повеќепати е наградуван. Неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема - Теракотни икони и Кокино.
За неговите уметнички креации, кои тешко може да се избројат, критичарите ќе запишат дека „Илиевски во своите фотографии ги фиксира деталите што се најинтересни, најрелевантни, што одразуваат една цела философија и психологија на човекот, што одразуваат една цела негова внатрешна драма“.