Форум за изложбата

Кокино

Форум
06.02.2009
Влатко Гелевски

Кокино

Два суштински аргумента стојат зад фотографиите на Љупчо Илиевски:
-точно лоцирање на вредностите на она што авторот го доживува како
примарен предизвик и
-траењето, или упорноста како вид методологија во пристапот кон ре-
ализацијата на зададениот проект.
Фотографиите на Илиевски не водат кон непредвидливи и вонвременски
димензии и простори, како некаква зачудна есхатолошка сценографија
во која во истовреме го чуствуваме нашето овоземско,конкретно при-
суство пред мегалитската опсерваторија, за потоа, со само едно
трепнување со очите, да јаздиме во безвремието на вечната несоница.
Ви нудиме само мал дел од 50-те фотографии на Илиевски на тема
Кокино,од излозбата поставена во галеријата Мала станица.